Дома Македонски спорт Мак ракомет Чупиќ откри што се зборувало на последниот тајм-аут, пред да се постигне последниот гол

Чупиќ откри што се зборувало на последниот тајм-аут, пред да се постигне последниот гол

Минатиот викенд Вардар успеа да го постигне најголемиот успех во македонскиот ракомет.

Во Келн, ракометарите на нашиот Вардар го победија богатиот ПСЖ со 24:23 и докажаа дека побитни од парите се тимската игра и љубовта која се остава долу на теренот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Денеска ракометарите на Вардар беа прекрасно пречекани на плоштадот Македонија во Скопје и добија големи овации од големата толпа на луѓе која покрај топлото време, повторно во голем број беше излезена на плоштадот.

Клучниот гол во победата против ПСЖ го постигна Иван Чупиќ, кој голот го постигна во исто време со звукот на сирената, а ракометарот откри дека договорот на тајм-аутот бил топката да оди точно кај него.

„Искрено, бевме најдобриот тим во финишот од турнирот. Да, имавме среќа, но среќата ги прати храбрите. Договор беше топката во последниот момент да оди кај мене, исто како што и вежбавме на тренингот. Меѓутоа, не беше лесно да му се даде гол во последните минути на Омејер“, изјави Чупиќ.

„Ние не дојдовме во Келн само да бидеме статистички тука, се надевавме на титулата. Вардар стана голем тим, а оваа титула тоа го докажува. Ние навистина ја покажавме големината како тим“, додаде Хрватот.

Ова за Вардар, како и за Македонија е историски постигнат успех. Потсетуваме дека и ЖРК Вардар стигна до финалето во Лигата на Шампионите, но за жал несреќно загуби во продолженијата од Ѓер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Арсенал спреми астрономска понуда за ѕвездата на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за плејмејкерот на Милан и холандски репрезентативец Тиж…