Дома Фудбал Останато Човекот кој го поседува светиот дрес на Марадона: Лажна вест е дека сакам да го продадам

Човекот кој го поседува светиот дрес на Марадона: Лажна вест е дека сакам да го продадам

Смртта на Диего Армандо Марадона потресе многумина.

Ширум светот се оддава почит на еден од најголемите фудбалери на сите времиња, а многумина се обидуваат и да заработат на неговото име.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Така англиските медиуми пласираа информација дека поранешниот репрезентативец на „Гордиот Албион“ Стив Хоџ има намера да го продаде легендарниот дрес на Марадона од мечот со Аргентина во 1986 година.

Марадона тогаш на Англичаните им даде два неверојатни гола. Првиот беше „божјата рака“, а при вториот ја издрибла скоро цела англиска репрезентација.

Хоџ признава дека добил бројни понуди за дресот, но истакна дека нема намера да го продаде.

„Го имам тој дрес 34 години и никогаш не сум помислил да го продадам. За мене тој има неверојатна сентиментална вредност. Луѓето ме бараат, ми доаѓаат на врата, не е тоа баш пријатна ситуација. Се појави лажна вест дека барам милион или дури и два милиони фунти за него. Тоа не е точно, дресот не е продажба по никоја цена“, порача поранешниот англиски репрезентативец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…