Диего Марадона почина во средата, а вчера беше погребан во неговата Аргентина.
Сите се простуваа од големиот Диего, меѓутоа бесот на цела Аргентина го навлече човекот вработен во компанијата задолжена за погребот. Тој се фотографирал покрај телото на Диего и таа фотографија ја објавил на социјалните мрежи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Станува збор за Диего Молина, тој е човекот кој го навлече бесот на цела Аргентина, посебно на пријателите на Марадона и адвокатот Матијас Морле.
„Лично ќе го пронајдам идиотот кој ја направил оваа фотографија“, напиша на Твитер Матијас, а после неколку минути објави.
„Тој идот е Диего Молина. Тој се сликаше покрај телото на Марадона, нема да се откажам додека не плати за својот грев“.
Многумина прво помислија дека се работи за фотомонтажа, но овој „идиот“ навистина го направил тоа.
Diego Molina es el canalla que se sacó una foto junto al féretro de Diego Maradona. Por la memoria de mí amigo no voy a descansar hasta que pague por semejante aberración. pic.twitter.com/UtUk8tQHlw
— MATIAS MORLA (@MatiasMorlaAb) November 26, 2020