Дома Македонски спорт Мак фудбал Чириќ го спасува Вардар преку германска фирма на Феликс Магат

Чириќ го спасува Вардар преку германска фирма на Феликс Магат

Македонската фудбалска легеннда, Саша Чириќ преку својот Фејсбук профил потврди дека ќе се обиде да му помогне на ФК Вардар откако, тој стапил во контакт со германската компанија која ја раководи поранешниот тренер на Баерн Минхен, Феликс Магат.

Чириќ потврди дека се залага за спас на Вардар, тој стапил во контакт со германската компанија „Флаераларм Глобал Сокер“ која ја раководи Феликс Магат, засега не се знае каков ќе биде исходот. 


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Би споделил неколку детали околу ситуацијата со Вардар за да не отиде во погрешна насока или да не се шират дезинформации. Со желба на било каков начин да му се помогне на клубот во оваа тешка ситуација, стапив во контакт со германската фирма „Флајераларм Глобал Сокер“ чија основна цел е инвестирање во фудбалски клубови. Тие веќе се делумни сопственици во ФК Флајераларм Адмира Вакер од Австриската Бундеслигата и на ФК Вурзбург Кикерс новиот член на Втората Бундеслига во Германија. Исто така се главен спонзор на германската женска Бундеслига. Главен човек и раководител на фирмата е Феликс Магат, познат германски фудбалер и тренер инаку мој поранешен тренер и сега добар пријател“, вели Ќириќ.

„После првичните разговори и мое објаснување за каков фудбалски бренд се работи, се појави интерес кај нив и побараа подетални информации. По остварената средба со градоначалникот Шилегов и водечките луѓе од Вардар, им ги доставив деталните информации за целата ситуација околу клубот. Тука покрај проглемот со долгот кој е неколку милионски и одредени правни проблеми, го имаме и проблемот со корона ситуацијата која оневозможува нормално патување на луѓе т.е. некој да влезе во нашава земја и да се врато во својата земја а да не оди во карантин. Да не се лажеме, никој нема да префрли неколку милиони само со два-три телефонски повика и со мејлови. За да се заврши треба луѓето да дојдат да ја снимат целата ситуација, да седнат со сите инволвирани страни и да го решат проблемот (како и бугарите кои 3-4 пати веќе доаѓаа). Надеж се уште постои но тоа зависи само од нив. За жал времето е тој луксуз кој го немаме ама ако ништо друго барем да пробаме да помогнеме. Да не се каеме после дека не сме ни пробале. Паралелно бараме со одговорните од Вардар помали средства да стартуваат Васоски и момците со подготовките, а исто така и со одредени момци од Комитите размислуваме за одредени идеи како да се помогне на клубот. Штета што повеќе луѓе не се активни околу барање на спас за клубот, затоа што би имале повеќе можности за спас, а не само да останеме на овие две. Најмногу ми е жал што не можам да му ја честитам 73-годишнината на клубот со некоја позитивна вест“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Мбапе не погодува ни од пенал, Реал тоне🎥

Реал Мадрид загуби на гостувањето кај Ливерпул и додатно ја продлабочи кризата, а во Лигат…