Тимот на Металург ќе го пречека хрватскиот вицешампион Нексе во третото коло од Сеха Лигата, а натпреварот ќе се одигра во недела во 20:45 часот.
Тренерот на Металург, Лино Червар признава дека Нексе е фаворит во овој дуел, но порача дека неговиот тим нема да се предаде без борба.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„На дуелите со Вардар и Динамо Панчево покажавме добар ракомет. Игравме атрактивно, динамичо и добро се презентиравме во првите две кола. Имавме квалитетен пристап, иако променивме девет ракометари во однос на минатата година. Мора да имаме големо трпение, но само така може да напредуваме. Не може да кажеме дека сме фаворити на мечевите во оваа лига, знаеме дека СЕХА многу им помага на младите ракометари да се здобијат со искуство. Тоа е многу важно“, изјави Червар.
„Со Нексе секогаш е тешко и тука и во Нашице. Мораме ментално да се подготвиме, тоа е екипа со одлиќен микс помеѓу стари и млади ракометари. Негуваат брз и динамичен ракомет, играат 6-0 одбрана доста агресивно, опасни се и преку контрите и полуконтрите. По дуелот во Панчево мора малку да се сконцентрираме на Нексе. Очекувам добар, но тежок натпревар. Очекувам борбен пристап, иако не играме под притисок. Мора да играме со срце на секој меч. Се надевам и на подшка од публиката на овој дуел во недела“,додаде хрватскиот стратег.