Како што пренесуваат медиумите во Кипар, поранешниот македонскиот селектор е блиску до враќање во оваа земја.




Според последните информации Јаневски е во најтесниот избор за нов стратег на АЕЛ Лимасол. Лимасол неодамна се раздели со досегашниот стратег Пантелидис и Македонецот е опција за нов шеф на стручниот стаб.




Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Покрај Јаневски се споменува и името на Португалецот Силас кој во кариерата го водеше и Спортинг Лисабон. Во овој момент ќе потсетиме Јаневски е асистент во фудбалската репрезентација на Јужна Африка.