Дома Фудбал Гвардиола на прагот на заминување од Манчестер Сити?

Гвардиола на прагот на заминување од Манчестер Сити?

Само неколку часа откако Манчестер Сити по трет пат по ред беше елиминиран од Лигата на шампионите од Реал Мадрид, извештаите од Англија навестуваат дека Пеп Гвардиола би можел да го напушти Етихад на крајот на сезоната.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според „Дејли Мејл“, клучниот состанок помеѓу Пеп Гвардиола и управата на Манчестер Сити ќе се одржи во наредните денови, а главната тема на разговор ќе биде неговата иднина како менаџер на премиерлигашот. Меѓутоа, состанокот ќе се одржи откако менаџерот земе кратка пауза за да размисли и разгледа различни опции.

Гвардиола пред да дојде во Сити, од 2026 година се определуваше за релативно кратки тренерски епизоди. Тој помина четири сезони како тренер во првиот тим на Барселона и три во Баерн Минхен. Сега веќе десет сезони по ред е на чело на Граѓаните, а договорот му истекува во јуни 2027 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Франција ги растури „викинзите“, Дембеле со хет-трик

Франција продолжи со одличната игра на Светското првенство во Северна Америка. „Петлите“ ј…