Дома Фудбал Скапата кошула на Гвардиола стана хит, еве колку чини

Скапата кошула на Гвардиола стана хит, еве колку чини

Пеп Гвардиола претрпе пораз од Реал Мадрид. Тој загуби на двете средби од осминафиналето на Лигата на шампионите. Во првиот натпревар, Реал во Мадрид го победи Манчестер Сити со 3:0, додека во реваншот во Англија, гостите прославија победа од 2:1. Но, освен натпреварот во фокусот се најде и кошулата која ја носеше Пеп во овој натпревар..

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Против Реал, Гвардиола го водеше тимот носејќи обични панталони и широка карактеристична кошула. Многу фудбалски фанатици, кои се грижат за модниот стил, го обвинија за недостојна облека за таква важна и свечена пригода. Неговата кошула стана вирална, полнејќи ги социјалните мрежи со мемиња и шеги.

Весникот Марка ја нарече “Два броја преголема кошула од филмот “Brokeback Mountain.” Покрај тоа што го споредија изгледот со лик од филм за љубов меѓу две каубои, Гвардиола изгледал и како припадник на емо субкултурата. „Со оваа кошула и по поразот, Пеп може да преживее во Bring Me the Horizon,“ напиша еден корисник на Х.

Иако изгледот на кошулата можеби ги раздвојува мислењата, нема сомнение дека е прилично скапа. Шпанските медиуми открија дека се продава по 290 евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Франција ги растури „викинзите“, Дембеле со хет-трик

Франција продолжи со одличната игра на Светското првенство во Северна Америка. „Петлите“ ј…