Дома Трансфер зона Чалханоглу не го интересираат пари: Добил богата понуда, но останува во Интер

Чалханоглу не го интересираат пари: Добил богата понуда, но останува во Интер

Фудбалерот на Интер, Хакан Чалханоглу, наводно ја одбил понудата на саудиски Ал Хилал, објавија италијанските медиуми.

Како што објави „Газета дело Спорт“, Ал Хилал на турскиот играч за врска му понудил 18 милиони евра по сезона и четиригодишен договор.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Чалханоглу е еден од најважните играчи на Интер оваа сезона, постигнувајќи седум гола и три асистенции на 17 натпревари во Серија А.

Како што наведува „Газета“, истата понуда ќе го чека Чалханоглу и на крајот од сезоната.

Тој го продолжи договорот со Интер во јули и треба да остане во миланскиот клуб до јуни 2027 година.

Во 2021 година, Чалханоглу се пресели во Интер како слободен играч од Милан, а со „нероаѕурите“ освои два Купа на Италија и два италијански Суперкупа, а минатата сезона играше и во финалето на Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона спремна да го продаде миленикот на навивачите?

Eкипата на Барселона наводно е подготвен да го продаде Роналдо Араухо. На Каталонците очај…