Рајо Ваљекано одново остана непоразен против Барселона, а македонскиот голман Столе Димитриевски и трет натпревар по ред против Каталонците остана несовладан со што направи нешто што на никој не му успеало 50 години.
После натпреварот пофалби за македонскиот голман стигна и од стратегот на Барселона, Чави Ернандез.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Одиграа одличен натпревар, тактички ни ги затворија линиите и приодите кон голот. Имавме проблеми да креираме шанси. Нивниот голман исто така беше одличен и неколку пати одлично интервенираше“, изјави Чави после натпреварот.
Очекувањата од Барселона после добро одработениот преоден рок беа големи, Чави после ова реми побара трпение.
„Ова не беше нашиот најдобар настап и тоа е штата, сакавме да им покажеме на луѓето дека добро ни оди и да веруваат. Разочарување, но ова е само почеток“, изјави шпанскиот стратег.