Дома Фудбал Перез ќе предизвика „земјотрес“: Реал Мадрид плаќа 160 милиони евра за засилување

Перез ќе предизвика „земјотрес“: Реал Мадрид плаќа 160 милиони евра за засилување

За многумина, Реал Мадрид направи изненадување откако го елиминираше Манчестер Сити во осминафиналето на Лигата на шампиони, додека навивачите на овој тим цело време беа убедени во успехот на својот тим.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Реал Мадрид сега во четвртфиналето на Лигата на шампиони го очекува нова тешка задача, а се работи за натпревар против Минхенскиот Бајерн кој оваа сезона игра атомски фудбал.

Паралелно со натпреварите оваа сезона, Флорентино Перез работи и на засилувања за наредната сезона, а главниот играч кој го посакува е токму ѕвездата на тимот од Минхен.

Се работи за Мајкл Олисе, а лично Флорентино Перез е личноста која од почетокот ги предводи преговорите со играчот и неговиот камп.

Фудбалерот кој има 24 години, во Бајерн пристигна од Кристал Палас во летото 2024 година за околу 60 милиони евра и стана еден од најважните играчи во клубот.

Оваа сезона постигна 15 голови и додаде дури 27 асистенции во 38 одиграни натпревари во сите натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сака е херојот, Арсенал по 20 години ќе игра финале во Лигата на шампионите! (Видео)

Фудбалерите на Арсенал конечно по две децении обезбедија место во финалето на Лигата на ша…