Дома Македонски спорт Енигма за Барселона: Димитриевски е чудо какво што Шпанија не памети!

Енигма за Барселона: Димитриевски е чудо какво што Шпанија не памети!

Македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски влезе во историјата откако трет натпревар по ред против Барселона не прими гол, а вторпат на „Камп Ноу“.

Димитриевски минатата сезона остана двапати несовладан против Барселона во победите со по 1:0, одбрани и пенал на Мемфис Депај. Во вчерашниот натпревар македонскиот голман имаше шест одбрани во ремито 0:0.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Вкупно во три натпревари Димитриевски има 100% ефект на одбрани против Барса со десет одбранети удари. Исто така стана само четвртиот голман во историјата кој успеал на две гостувања на „Камп Ноу“ да остане несовладан, такво нешто не се случило цели 50 години.

Пред Димитриевски двапати по ред несовладани на „Камп Ноу“ останале само Еснаола со Реал Мадрид во 1967/68 и 1868/69, легендарниот Ирибар со Атлетик Билбао во 1970/71 и 1971/72 и Дуесто со Малага во 1971/72 и 1972/73.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Мерцедес ги избра возачите за следната сезона во Формула 1

Тимот на Формула 1, Мерцедес, денеска објави дека Џорџ Расел и Кими Антонели ќе бидат воза…