Легендата на Барселона, Чави Ернандез никогаш во кариерата не ја доби наградата за најдобар фудбалер во светот.
Ја имаше таа несреќа Чави да игра кога Лионел Меси и Кристиано Роналдо го играа најдобриот фудбал во своите кариера, па така тој и Андрес Иниеста, како и уште неколку одлични фудбалери останаа без престижната награда.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа Роналдо и Меси полека влегуваат во залезот на своите кариери, а Чави смета дека знае кој може да ги наследи на тронот.
Легендарниот играч за врска верува дека тоа би можел да биде фудбалерот на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг.
„Меси и Роналдо со години доминираа и тешко е да се сетите на времето пред нив. За мене Меси е најдобар во историјата, но иако двајцата се уште активни, ќе дојде ден кога некој ќе ги замени. Кога ќе погледнете кои играчи би моежеле да бидат крунисани ќе помислите на Нејмар, Мбапе, Салах...Сепак во овој момент Стерлинг е пред сите. Секогаш беше добар играч, опасен, но под водство на Пеп Гвардиола може да стане најдобар во светот. Уште е млад и резултатот од работата со Гвардиола веќе се гледа. Сигурен сум дека има потенцијал да стане најдобар во светот“, изјави Чави.