Дома Фудбал Англија Навивачот кој овој викенд направи глупост од неговиот клуб ја доби најголемата казна

Навивачот кој овој викенд направи глупост од неговиот клуб ја доби најголемата казна

Многу проблеми за нешто крајно непотребно…Така може да се опише она што го направи навивачот на Бирмингем во текот на вчерашниот ден во градското дерби против Астон Вила.

Голем инцидент се случи вчера во Бирмингем кого Астон Вила го победи во градското дерби со 1:0.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Човек на одлука беше Џек Грилиш кој пред голот имаше неочекувана средба со навивач на Бирмингем кој влета на теренот.

Секако, навивачот веднаш бил приведен и идентификуван. Станува збор за извесен Пол Мичел кој ја признал вината, но се бранел со зборовите дека се работело само за шега!?

Овој долги години наназад имал сезонска карта, меѓутоа сега таа му е супсенирана. Бирмингем му забрани да присуствува на натпреварите кои ќе ги играат на овој стадион и тоа до крајот на неговиот живот.

За работата да биде лошо Мичел создаде и проблеми на неговата сопруга која е бремена и со која има двегодишен син. Поради постојаните закани таа била принудена да го напушти нејзиниот дом и одреден период да престојува на друго место.

Мичел на крајот се извини, но тоа не помогна многу. Сега се чека казната од полициските органи, меѓутоа за него најголемата казна е веројатно што повеќе никогаш на домашен терен не ќе може да го гледа неговиот Бирмингем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…