Дома Фудбал Емери не се шегува – оди по потпис на фудбалер на Манчестер сити во јануари!?

Емери не се шегува – оди по потпис на фудбалер на Манчестер сити во јануари!?

Астон Вила продолжува со амбициозните планови и надвор од теренот, а јануарскиот трансфер период може да донесе големо засилување во нападот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Според британските медиуми, тимот од Бирмингем покажува сериозен интерес за напаѓачот на Манчестер Сити – Омар Мармуш.

Тренерот Унаи Емери јасно нагласи дека сака дополнително да ја засили офанзивната линија за неговиот тим да може да го одржи високиот квалитет на игра во продолжение на сезоната.

Досегашните резултати на Вила предизвикаа позитивни реакции, но во клубот сметаат дека постои простор за дополнителен напредок.

Во текот на последните недели, Астон Вила покажа завидна форма во Премиер лигата, и со право се наоѓа во борбата за највисоките места на табелата.

Токму затоа, фокусот е ставен на доведување уште еден квалитетен напаѓач. Омар Мармуш во овој контекст се наметнува како интересна опција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Седлоски утре го објавува списокот за двата натпревари на Македонија!

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски, утре ќе го соопшти спи…