Дома Фудбал Голман во Премиер лигата направи бизарна грешка, па седна и плачеше (Видео)

Голман во Премиер лигата направи бизарна грешка, па седна и плачеше (Видео)

Бразилскиот голман Џон Виктор, кој брани за тимот на Нотингем Форест, стана виновник за необичен гол на натпревар против Астон Вила.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Астон Вила во првиот дуел од дневната програма на Премиер лигата лесно го совлада Форест со 3:1, а третиот гол беше решавачки за натпреварот, при инцидент кој ретко се гледа.

Голманот на гостинскиот тим Џон Виктор излезе на половината од теренот, непотребно оставајќи простор на Џон Мекгин, кој ја искористи ситуацијата за да постигне гол од над 30 метри.

Можете да го погледнете голот овде.

Меѓутоа, тука не заврши “драмата”. Виктор по кратко време заврши со солзи поради наводна повреда и мораше да го напушти натпреварот, иако фановите на социјалните мрежи изразуваат сомнеж и веруваат дека тоа било обид да ја оправда својата голема грешка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мбапе за Парагвајците: Мислеа ќе дојдеме во смокинг, а ние ги победивме во нивната игра

Француската фудбалска ѕвезда Килијан Мбапе истакна дека неговата репрезентација го совлада…