Дома Фудбал Останато Хрватски фудбалер со автомобил уништил цел маркет поради – чоколадо! (ФОТО)

Хрватски фудбалер со автомобил уништил цел маркет поради – чоколадо! (ФОТО)

Неверојатна ситуација се случи во Хрватска.

Младиот фудбалер на Осијек и член на репрезентацијата на Хрватска до 21 година Петар Бочкај веројатно после вчерашната слободно можеме да кажеме глупост си ја уништи кариерата.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Имено фудбалерот видно во алкохолизирана состојба во раните утрински часови влетал со автомобилот во продавница во склоп на бензинска пума. И ова не звучи толку глупаво, но почекајте да ја слушнете причината.

Не можел да почека вработените да извршат промена на смена за да си купи – чоколадо!

Раководството на Осијек повикало итен состанок на кој било одлучено Бочкај да биде исфрлен од клубот.

Клубот се огласи и со соопштение.

„После вчерашниот инцидент во кој во раните утрински часови под влијание на алкохол е предизвикана голема материјална штета и биле загрозени човечки животи одлучено е Петар Бочкај да биде исфрлен од нашиот тим. Клубот ќе превземе правни мерки со цел да ја надополни направената штета на угледот на клубот со неговите неодговорни и непрофесионални постапки“.

Како што споменавме сведоци на настанот тврдат дека сето тоа Бочкај го направил поради чоколадо. Иначе станува збор за еден од најдобрите играчи на Осијек кој е познат по активниот ноќен живот.

Колкава штета е нанесена на продавницата доволно зборуваат фотографиите под текстот…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Потег за почит: Гвардиола му даваше совети на противнички играч🎥

Адама Траоре беше трагичар за Фулам во поразот од Манчестер Сити со 3-2 бидејќи имаше неко…