На новиот стадион на Осијек изгледа дека постојат мани.
Стадионот кој беше отворен во 2023 година донесе задоволство помеѓу навивачите кои и вчера навиваа за омилениот тим против Динамо Загреб.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Но, во овој натпревар беа забележани и неговите мани. Хрватските медиуми пренесуваат дека дошло до одрон од бетон на еден дел од стадионот и вистинска среќа било што во тој момент не поминувал никој.
„Опус Арената“ доживеа вистинска бламажа, пренесуваат Хрватите, а сето ова се случувало помеѓу секторите Ц2 и Ц3.
Изградбата на овој стадион чинеше околу 65 милиони евра.