Дома Македонски спорт Мак фудбал 18-годишниот Талевски од Пелистер се сели во Осијек!

18-годишниот Талевски од Пелистер се сели во Осијек!

Михаил Талевски (2004) потпиша договор со екипата на Осијек од Хрватска, со траење од три години. 18-годишниот напаѓач е презадоволен од остварената соработка со хрватскиот клуб: 

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Ова е голем чекор за мене, остварување на моите фудбалски идеи. Ќе настапувам во лига која е силна и расадник на голем број фудбалски таленти. Хрватската репрезентација е финалист на последното светско првенство и мислам дека многу ќе напредувам во мојот нов клуб.” – се првите зборови на Талевски, по потпишувањето на договорот.

Нашиот репрезентативец играше за екипата на Пелистер, а во хрватското првенство се сели веднаш. Отштетата на сметката на битолскиот клуб веќе е исплатена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …