Дома Фудбал Германија Хенес: Можеби Баерн треба да игра со 10 играчи за Бундеслигата да биде интересна

Хенес: Можеби Баерн треба да игра со 10 играчи за Бундеслигата да биде интересна

Почесниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес имаше жесток вербален напад на останатите тимови од Бундеслигата.

Баерн веќе девет години има апсолутна доминација во Бундеслигата, а последен тим кој успеа да им ја земе титулата е Борусија Дортмунд во 2012 година.

Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ


Многумина го критикуваат Баерн дека ги купува најдобрите играчи од останатите клубови, па Хенес има интересен одговор.

„Дали треба да го изгаснеме клубот за Бундеслигата да биде повторно возбудлива? Или во иднина треба да играме со 10 играчи на кој меч? Тоа е прилично досадна расправа“, изјави Хенес.

„Не гледам ништо лошо тоа што Баерн е поважен за спонзорите во однос на Борусија Дортмунд. Работевме напорно за тоа, не ни падна на лотарија“, додаде Хенес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Потегот на Перишиќ ги воодушеви Холанѓаните: Не носи лента, но е капитен (Видео)

Почетокот на сезоната за ПСВ го обележа Иван Перишиќ кој продолжи со извонредната форма од…