
Алекс Адетокумбо заигра за Милвоки Бакс во победата над Далас, создавајќи нова историја во клубот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Три минути Алекс Адетокумбо помина на теренот, каде што постигна три поени. Оваа средба му беше прва оваа сезона за Бакс, создавајќи услови првпат тројца браќа да бидат дел од составот на еден НБА тим.
Алекс, Танасис и Јанис не играа заедно против Далас, но со влегувањето на Алекс во игра, неговото име се најде на составот на Милвоки за сезоната.
Горд момент за постариот брат. 💚 pic.twitter.com/T2upVpU0nq
— Milwaukee Bucks (@Bucks) 1 април 2026
„Сега можам да се пензионирам. Сè што посакав, го постигнав“, изјави Јанис Адетокумбо додека Алекс ја погоди линијата за слободни фрлања.
„Неверојатно е. Гледам како браќата ме поддржуваат и насочуваат… Сонував за ваков момент и конечно го доживеав. Сонот ми се исполни. Пораснав во Милвоки и ова е лудо што се случи. И да сакам, не можам да избројам колку натпревари на Бакс сум гледал“, рече Алекс Адетокумбо.