Дома Фудбал Останато „Алаба ми кажа дека негов сон е да заигра за Барселона“

„Алаба ми кажа дека негов сон е да заигра за Барселона“

Ова лето Давид Алаба го напушти Баерн Минхен и се пресели во Реал Мадрид, на претставувањето Алаба изјави дека неговиот сон бил да игра за Реал Мадрид.

Но, сега почесниот претседател на Баерн, Ули Хенес излезе со поинаква изјава и тврди дека Алаба сакал да игра за Барселона.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Алаба дојде и ми кажа: Сон ми е да играм во Барселона. На тоа јас го прашав дали ќе преговара со нивниот претседател или со стечајниот управник“, алудирајќи на финансиската ситуација во каталонскиот гигант.

Според Хенес Баерн е фаворит во вечерашното дерби на „Камп Ноу“.

„Баерн е фаворит затоа што Барса не може да биде топ клуб откако ги продаде најдобрите играчи, а тука се и економските проблеми кои ги имаат“, изјави Хенес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Се појави изгледот на новиот дрес на Милан, „росонерите“ се враќаат 100 години назад

По неуспешната сезона во италијанскиот и европскиот фудбал, во следната сезона Милан ќе се…