Дома Фудбал Останато Хакими по вторпат позитивен на коронавирус

Хакими по вторпат позитивен на коронавирус

Ашраф Хакими кој ова лето се пресели од Интер во ПСЖ е позитивен на коронавирус.

Хакими веќе одигра еден пријателски натпревар за „светците“ во кој забележа и асистенција, но непосредно пред дуелот со Шамбли исто така од пријателски карактер добил позитивен тест.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Мароканецот е изолиран и ќе го нема во составот на Покетино најмалку во наредните десет дена.

За Хакими ова е втор пат да биде позитивен на коронавирус, еднаш беше како член на Интер во октомври. Тогаш немаше никакви компликации.

Покетино се надева дека Хакими негативниот тест ќе го добие што е можно побрзо и ќе се врати на подготовките за новата сезона во која ПСЖ влегува со големи амбиции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Гвардиола: Тука сум, среќен сум, но никогаш не знаеш што може да се случи

Тренерот на Манчестер Сити Џосеп Гвардиола ги коментираше информациите што се појавија вче…