Дома Фудбал Репрезентации Хакими до Луис Енрике: Рамос е најдобриот дефанзивец во светот

Хакими до Луис Енрике: Рамос е најдобриот дефанзивец во светот

Серхио Рамос не доби повик во репрезентацијата на Шпанија за Светското првенство, Луис Енрике одби да објаснува зошто искусниот дефанзивец на ПСЖ не се најде помеѓу повиканите.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Иако Рамос е на залезот на кариерата голем дел од шпанската јавност смета дека морал да добие повик. Оваа одлука со изненадување е дочекана и во Париз, затоа што ниту соиграчите на Рамос од ПСЖ не можат да веруваат дека не доби повик за Мундијалот кој сигурно ќе беше негов последен во кариерата.

На социјалните мрежи се огласи Ашраф Хакими кој јасно порача што мисли за одлуката на селекторот Луис Енрике.

„Серхио Рамос е најдобриот дефанзивец во светот“, напиша Хакими откако Енрике го соопшти списокот.

Последниот натпревар Рамос за Шпанија го одигра на 31. март минатата година против Косово, а потоа не се наоѓаше на списокот поради повредите со кои имаше проблем во текот на минатата сезона.

Сепак, откако се врати во форма и започна да игра високо ниво се очекуваше Енрике да го врати во репрезентацијата, но тоа не се случи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Бразилец се онесвести кога дозна дека оди на Светско првенство (Видео)

Неверојатни сцени доаѓаат од Бразил кои на најдобар начин покажуваат колку е значајна фудб…