Дома Македонски спорт Мак фудбал ФФМ ја одреди цената на билетите за натпреварот Македонија – Ерменија: Најскапите 1.500 денари!

ФФМ ја одреди цената на билетите за натпреварот Македонија – Ерменија: Најскапите 1.500 денари!

На седницата на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија одржана на 21. август, меѓу другите, беа донесени следните одлуки:

– У.О. на ФФМ донесе одлука за износот на цената на билетите за натпреварот на македонската А репрезентација против Ерменија од циклусот во Лига на Нации на 10. септември на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. 


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Цената на влезница за натпреварот изнесува 200 денари (источна и западна трибина) и 400 денари (јужна и северна трибина). 1500 денари е цена на влезница во ВИП ложа на северната трибина на Националната арена „Тодор Проески“.  

Продажбата на билети за натпреварот Македонија – Ерменија ќе се организира исклучиво преку продажната мрежа на MKTickets.

– У.О. на ФФМ ги усвои пропозициите за натпреварување во млади категории за натпреварувачката сезона 2024/25;

– У.О. донесе одлука да се воспостави нов УЕФА курс во рамки на едукативните курсеви за добивање на УЕФА диплома во организација на Центарот за Едукација на ФФМ – УЕФА Фитнес А диплома. 

Одлуката е донесена по едногодишна подготовка, учество на два семинари организирани од УЕФА, подготовка на специфични поврзани документи во тесна комуникација со назначените ментори од УЕФА по што како резултат е добиено одобрение од страна на УЕФА за воспоставување на споменатиот курс. Истиот се планира да стартува претстојната есен, а повеќе информации ќе следат во претстојниот период. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед ја сака ѕвездата на Дортмунд

Борусија Дортмунд е спремна да слушне понуди за напаѓачот Карим Адејеми, а неколку европск…