Дома Фудбал Италија Фудбалската филозофија на Пирло 2-3-5 (фото)

Фудбалската филозофија на Пирло 2-3-5 (фото)

Со нетрпение се очекува новата сезона во Серија А, каде според сите предпоставки Јувентус и Интер ќе водат битка за Скудетото.

Интересно е што во новата сезона „старата дама“ ќе биде предводена од Андреа Пирло, фантастичниот плејмејкер, кој нема ниту ден искуство на тренерското столче.

Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска


Пирло пред неколку дена доби професионална УЕФА лиценца, каде на 30 страници ја опиша својата визија за фудбал.

Пирло се залага за „активен фудбал базиран на посед на топка, брзо освојување на топката и напад“.

Пирло сака акциите да почнуваат од одбраната и последниот играч во одбраната да биде тој од каде што ќе започнуваат акциите.

Во фаза на одбрана неговиот тим ќе игра константен пресинг и ќе се обиде што е можно побрзо да ја освои топката. Во напад пак Пирло смета дека константно мора да има пет фудбалери, кои ќе бидат спремни во секој момент да променат правец и да помагаат во одбраната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Холанд постигна нешто што Меси и Роналдо не успеаја во ЛШ

Јасно е зошто Ерлинг Холанд го нарекуваат „машина за голови“. Тековно се игра натпреварот …