Дома Фудбал Драма во болница: Легендарниот тренер доживеа два срцеви напада

Драма во болница: Легендарниот тренер доживеа два срцеви напада

Фудбалскиот свет е потресен од загрижувачките вести од Романија. Легендарниот тренер Мирча Луческу (80) заврши на интензивна нега откако доживеа тежок здравствен колапс.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според информациите од болницата, Луческу во петокот наутро претрпел акутен инфаркт, а ситуацијата дополнително се комплицирала неколку часа подоцна кога, според достапните информации, доживеал и втор срцев напад.

Состојбата во еден момент била исклучително критична. Луческу итно бил префрлен на одделот за интензивно лекување на срцево болни, а според пишувањата на романските медиуми, лекарите морале дури три пати да извршат реанимација за да го стабилизираат.

Ситуацијата дополнително ја шокираше јавноста бидејќи Луческу веќе бил испратен во болница неколку дена и требало да биде отпуштен. Претходно оваа недела му е ставен и дефибрилатор за регулирање на работата на срцето.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Крај на приказната: Наполи се збогува со Елмас (Видео)

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас си заминува од Наполи откако денеска заврши позајм…