Дома Македонски спорт Фудбалерите скокнаа на ФИФА ранг листата

Фудбалерите скокнаа на ФИФА ранг листата

Фудбалската репрезентација на Македонија во октомврискиот циклус во кој игравме натпревари од Лигата на Нации забележа скок од три позиции и сега се наоѓа на 69. место.

Скокот на Македонија доаѓа по победите над Ерменија и Летонија на гостински терен во кои и не примивме гол.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Во ноември избраниците на Милевски ги очекуваат нови два натпревари, но сега на домашен терен во кои ќе играме против Летонија и Фарски Острови.

На врвот нема промени, па така Аргентина се уште е лидер по што следуваат: Франција, Шпанија, Англија, Бразил, Белгија, Португалија, Холандија, Италија и Колумбија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Легендарниот Гиљермо Очоа на чекор од историски успех, може да го одржи чекорот со Меси и Роналдо

Легендарниот голман ќе има единствена шанса на претстојното Светско првенство да направи н…