Maкедонската фудбалска репрезентација до 19 години и врати на Босна и Херцеговина за поразот во првата контролка и денеска славеше со 2:0, истиот резултат со кој противничката селекција славеше во првиот дуел.
Водството за избраниците на Тони Јакимовски на теренот на ФФМ во Аеродром го донесе Каба Јакупи на стартот од вториот дел, конечните 2:0 беа поставени во судиското продолжение од средбата со голот на Фикрет Љиварека.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Овие два натпревари против БиХ беа припрема за елитните квалификации за Европското првенство 2024 година до 19 години кое ќе се игра во јули во Северна Ирска.
За место на Европското првенство Македонија ќе се бори од 20-ти до 26-ти март во Скопје и ќе игра против репрезентациите на Швајцарија, Украина и Летонија.
Македонија: Петар Јакимов, Максим Славков, Теодор Николовски, Никола Манојлов, Андреј Аризанкоски, Никола Величковскои, Амир Нухија, Ѓорѓе Џеков, Марко Стојилевски, Донарт Беџети, Лорик Каба Јакупи;