Дома Фудбал Репрезентации Фудбалерите до 16 години денес играат против Србија на турниорт „Миљан Миљаник“

Фудбалерите до 16 години денес играат против Србија на турниорт „Миљан Миљаник“

Младата репрезентација на Македонија до 16 години во периодот од 8-ми мај е во Стара Пазова каде што учествува на меѓународниот контролен турнир „Миљан Миљаник“, турнирот завршува на 11-ти мај.

Покрај нашата селекција, учество ќе земат и репрезентациите на Србија (домаќин), Црна Гора и Бугарија.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Во првото полуфинале, избраниците на селекторот Дашмир Беари ќе играат против Србија. Во втората полуфинална пресметка, силите ќе ги одмерат селекциите на Бугарија и Црна Гора.

Натпреварот против нашиот северен сосед ќе биде одигран денес со почеток од 17.часот.

Селекторот на репрезентација на Македонија до 16 години, Дашмир Беари, за претстојниот меѓународен турнир ги повика следните фудбалери:

Онур Бешир (Шкендија), Игор Ристов (Академија Пандев), Горазд Ристовски (Црвена Ѕвезда), Лука Атанасовски (Вардар), Емир Саботиќ (Вардар), Здравко Перески (Академија Пандев), Хисар Али (Шкендија), Фуркан Хирда (Шкупи), Стефан Младеновски (Црвена Звезда), Каменчо Андоновски (Работнички), Беркај Шаини (Работнички), Павел Трајковски (Македонија Ѓ.П.), Никола Ангелов (Академија Пандев), Златко Радевски (Вардар), Милош Спасовски (Вардар), Елдин Рамани (Работнички), Адмир Латифи (Македонија Ѓ.П., Давид Ивановски (Сент Гален, Швајцарија), Тома Георгиевски (Њу Старс), Петар Митревски (Саса Каменица);

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Сензација на повидок: Погба се враќа во Англија, познат е неговиот следен клуб!?

Францускиот фудбалер Пол Погба е во центарот на вниманието, откако се појави информација д…