Дома Македонски спорт Македонија до 16 години ќе одигра два контролни меча со Црна Гора

Македонија до 16 години ќе одигра два контролни меча со Црна Гора

Младата репрезентација на Македонија до 16 години ќе одигра два контролни меча против соодветната селекција на Црна Гора.

Двата натпревари помеѓу овие две селекции ќе бидат одиграни во Црна Гора, на тренинг центарот во Подгорица. Првиот дуел ќе биде одигран утре, со почеток во 14. часот. Два дена подоцна е закажана втората средба со почеток од 11. часот.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Селекторот на Македонија до 16 години, Вујадин Станојковиќ за претстојните натпревари се одлучи да ги повика следните фудбалери:

Голмани: Славе Вргов (Академија Пандев), Спаско Ахтаров (Македонија Ѓ.П.);

Одбрана: Андреј Велков (Брегалница), Анес Мељичи (Шкендија), Никола Стојковски (Работнички),  Генц Кќику (Работнички),  Андреј Љубевски (Работнички), Кристијан Галевски (Академија Пандев);

Среден ред: Мартин Јовановиќ (Македонија Ѓ.П.), Фљакрон Мемиши (Шкендија), Нуман Ајетовиќ (Вардар), Дарио Јакимовски (Македонија Ѓ.П.), Дарко Сековски (Вардар), Валдет Јакупи (Академија Буркенланд , Австрија), Даниел Коцев (Работнички), Никола Манојлов (Работнички);

Напад: Алтин Алији (Вардар), Стефан Младеновски (Вардар), Веби Ислами (Шкендија), Мухамед Елмас (Работнички);

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Србите бесни: Жестока провокација за Звезда уште пред почетокот на натпреварот со Милан

Милан од 21 часот на стадионот „Сан Сиро“ ќе ја дочекува Црвена Ѕвезда во шестото коло од …