Дома Фудбал Фудбалерките до 16 години на пенали подобри од Бугарија

Фудбалерките до 16 години на пенали подобри од Бугарија

Женската репрезентација на Македонија до 16 години оствари победа над соодветната селекција на Бугарија по подобро изведување на пенали (4:2) во првото коло од Уефа развојниот турнир што се одржува во Албанија. 

Натпреварот заврши 1:1, а во пенал серијата избраничките на селекторот Катерина Милеска беа многу посигурни и на крајот се радуваа на првата победа на развојниот турнир.

Ливерпул викендов може да ја освои титулата во Премиер лига ↓↓↓


Селекцијата на Бугарија имаше предност од 1:0 во 47. минута, благодарение на голот на Емма Варбанов. Ана Марија Цветковска во 86. минута го израмни резултатот на 1:1.

Во пенал серијата, во нашата репрезентација погодија Розита Пецева, Ана Марија Цветковска, Тамара Лазеска и Елена Наумовска. Во селекцијата на Бугарија, прецизни од белата точка беа Зорнитса Коева и Јоанна Георгиева.ж

Вториот дуел од развојниот турнир го играме на 15. април против Грузија, во истиот термин, од 11:30 часот.

МАКЕДОНИЈА: Евгенија Велјановска, Лина Мицовска, Бесарта Фида, Розита Пецева, Елена Наумовска, Ана Марија Цветковска, Блехана Алиевска, Марија Велиновска, Елиза Ибрахими, Ема Наневска, Сара Димитровска;

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

7 од 7: Убиствената серија на Ханзи Флик на финалината продолжува

Барселона го победи Реал Мадрид со 3:2 на финалето за Купот на Шпанија по драматичен натпр…