Дома Фудбал Франција ја победи Аргентина и се пласира во полуфиналето на ОИ

Франција ја победи Аргентина и се пласира во полуфиналето на ОИ

Француската фудбалска репрезентација се пласираше во полуфиналето на Олимписките игри, откако во Бордо ја совлада Аргентина во четвртфиналето со резултат 1:0.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Жан-Филип Матета во петтата минута.

Веднаш по крајот на натпреварот дојде до физичка пресметка меѓу играчите. Сè траеше околу две минути пред да се разделат ривалите. Наводно, метеж имало и во тунелот што води кон соблекувалните.

Пред, за време и по натпреварот, домашната публика ги исвиркуваше фудбалерите на Аргентина и нивниот селектор Хавиер Маскерано.

Во полуфиналните мечеви на олимпискиот турнир на 5 август Франција ќе игра против Египет, додека Шпанија за ривал ќе го има Мароко.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Светското првенство го сруши рекордот за голови во групната фаза

Тековното Светско првенство во фудбал официјално влезе во историјата, и тоа на импресивен …