Давиде Астори (31) почина во неделата наутро во хотел во Удине и за смртта на капитенот на Фиорентина се пишува на големо.
Ова беше тажна вест за целиот фудбалски свет. Стануваше збор за квалитетен дефанзивец, но и голем човек насекаде за Астори се зборува само со суперлативи. Пристигнуваат емотивни пораки од сите страни, но дамка оставаат навивачите на Бари.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Фановите на овој италијански клуб и понатаму го мразат својот поранешен играч Андреа Масиело кој си постигна автоголо со кој Лече го остави во лигата.
Овој фудбалер беше казнет за бидејќи ги наместил натпреварите Салеритана – Бари, Бари – Сампдорија, Палермо – Бари, Бари – Лече и Болоња – Бари.
Пораид тоа навивачите на Бари вчера вечер на видливо место поставија транспарент на кој пишуваше: „Зошто Астори, а не Масиело“…
Колку и Масиело да беше штетен за Бари, секако не е во ред да се повикува нечија смрт и со овој случај сигурно ќе се позанимаваат надлежните органи.