Дома Фудбал Италија Потврден големиот гест кој Фиорентина го најави кон семејството на Давиде Астори

Потврден големиот гест кој Фиорентина го најави кон семејството на Давиде Астори

Капитенот на Фиорентина Давиде Астори го загуби животот во сон пред нешто повеќе една година на 31 годишна возраст.

Астори почина во хотелот во Удине, ноќта пред натпреварот помеѓу Фиорентина и Удинезе и тоа беше голема загуба Фиренца, Италија и општо за фудбалот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фиорентина сега го објави финансискиот извештај за календарската 2018 година, а на него може да се види дека клубот донирал 1.5 милион евра за семејството на Астори.

На 4-ти март измина точно една година од трагичниот настан, а чест му беше оддадена на сите натпревари во Серија А кои се играа за викендот на 2-ри и 3-ти март.

Натпреварите бае прекинати во 13-тата минута (Астори го носеше бројот 13), а потоа со аплауз се оддаваше почит на поранешниот фудбалер на Фиорентина.

Давиде Астори најголема трага во својата кариера остави играјќи за Каљари и Фиорентина. За Каљари одигра вкупно 179 натпревари, додека за Фиорентина собра 109 натпревари во сите натпреварувања.

За сениорската репрезентација на Италија одигра 14 натпревари и постигна еден гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…