Дома Фудбал Останато Флик најдобро знае како со Левандовски: Бројките се доказ

Флик најдобро знае како со Левандовски: Бројките се доказ

Роберт Левандовски ја започна сезоната со одлична голгетерска форма. Полскиот напаѓач од почетокот на сезоната постигна 12 голови и подели две асистенции на 11 натпревари.

За се е благодарен Ханси Флик со кого Левандовски веќе соработуваше во Баерн и освои се што можеше да се освои.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Но, она што е посебно во центарот на вниманието е просекот на голови кој го има Левандовски под водство на Флик.

Статистиката на Левандовски низ кариерата со тренерите изгледа вака:

 Флик – 95 гола на 85 натпревари или во просек 1,16 (Барселона)

Нагелсман – 50 гола на 46 натпревари, просек 1,09 (Баерн)

Ковач – 60 гола на 63 натпревари, просек 0,95 (Баерн)

Анчелоти – 54 гола на 63 натпревари, просек 0,95 (Баерн)

Хејнкес – 28 гола на 36 натпревари, просек 0,78 (Баерн)

Гвадиола – 67 гола на 100 натпревари, просек 0,67 (Баерн)

Чави – 59 гола на 95 натпревари, просек 0,62 (Барселона)

Но, ова нема да биде толку важно за Барселона ако на крајот сезоната не биде успешна. Засега добро им оди, Барселона во овој момент е лидер со три бода повеќе од Реал Мадрид, додека во Лигата на шампионите се уште е второ коло и рано за било какви прогнози.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Објавено видео од соблекувалната на Манчестер сити: Гвардиола во вакво издание не сте го виделе 🎥

Фудбалската јавност е во исчекување на документарецот „Together: 4-In-A-Row“ кој ќе биде п…