Тренерот на Барселона, Ханси Флик, го потврди враќањето на Ламин Jамал на терените овој викенд.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Поради повреда на скочниот зглоб, Jaмал не играше од почетокот на месецот, но тренираше со тимот во четврток и ќе биде во конкуренција за составот за претстојниот натпревар против Лас Палмас.
„Ламин се врати и е подготвен за игра. Ќе видиме дали ќе стартува од првата минута“, изјави Флик, пренесоа шпанските медиуми.
Неделава на тренинзите им се врати и Роналд Араухо, но тој нема да биде во конкуренција за тимот.
„Тој тренира, секој ден е се подобар. Не би можел да го кажам точниот датум, но е многу блиску до враќање на теренот“.
Барселона утре од 14 часот ќе игра против Лас Палмас во 15. коло од Ла Лига.