Од елиминацијата од Мундијалот во Катар Бразил победи на само три од следните осум натпревари. „Кариоките“ победија против Гвинеја во пријателски натпревар и против Перу и Боливија во првите натпревари од квалификациите. Тие 55% порази за Бразил во 2023 година се најлош резултат на оваа селекција во една година уште од 1940, a сега оваа репрезентација може да се соочи и со поголем проблем.
Поразот од Аргентина беше трет пораз во низа во квалификациите, нешто што никогаш претходно не им се случило. На овој натпревар му претходеа сериозни инциденти на трибините, а ФИФА соопшти дека отворила истрага.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Истрагата е отворена поради бруталниот однос на полицијата кон навивачите пред почетокот на средбата. Поради тие инциденти, Меси ја повлече екипата од теренот, а натпреварот доцнеше половина час.
Сега со оваа истрага се најавува дека Бразил може да игра натпревар пред празни трибини или да му бидат одземени бодови.
Одземањето бодови би бил и тоа како сериозен удар во квалификациите затоа што Бразил има само седум бода во шест натпревари и се наоѓа на шестата позиција. Зад него се Парагвај и Чиле со по пет, Боливија има три, Перу два. Шестата позиција е последната која води директно на Мундијалот, додека седмиот игра бараж.