ФИФА oбјави скратена листа од 14 имиња кои конкурираат за наградата Најдобар фудбалер во светот за 2022 година.
Гласањето започна веднаш и ќе трае до 3 февруари, пред да биде прогласен победникот на церемонијата на The Best FIFA Football Awards.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меси кој беше прогласен за МВП на СП во Катар после освоената светска титула со Аргентина е фаворит за наградата.
Кај тренерите прв фаворит е селекторот на Аргентина, Скалони, пред Карло Анчелоти од Реал Мадрид.
Номинираните за најдобар фудбалер:
Хулиан Алварес (Аргентина /Манчестер Сити)
Џуд Белингем (Англија / Борусија Д.)
Карим Бензема (Франција / Реал Мадрид)
Кевин Де Брујнe (Белгија / Манчестер Сити)
Ерлинг Хoланд (Норвешка / Манчестер Сити)
Ашраф Хакими (Мароко / Пари Сен-Жермен)
Роберт Левандовски (Полска / Барселона)
Садио Мане (Сенегал / Баерн)
Килјан Мбапе (Франција / Пари Сен-Жермен)
Лионел Меси (Аргентина / Пари Сен-Жермен)
Лука Модриќ (Хрватска / Реал Мадрид)
Нејмар (Бразил / Пари Сен-Жермен)
Мохамед Салах (Египет / Ливерпул)
Винисиус Жуниор (Бразил / Реал Мадрид)