Дома Фудбал Англија ФА Куп: Тотенхем во 1/4 финалето, хет-трик на Љоренте за 12 минути (Видео)

ФА Куп: Тотенхем во 1/4 финалето, хет-трик на Љоренте за 12 минути (Видео)

После 2:2 во првиот натпревар од 1/8 финалето на ФА купот, Тотенхем денес го совлада Рочдајл со убедливи 6:1.

Тотенхем одлично започна од самиот старт и поведе во 23 минута преку Сон Хеуг Мин, кој одлично се избори за позиција за удар и го матираше голманот на Рочдајл.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Во 25 минута фудбалерот на Рочдајл го собори Трипиер, а после прегледувањето на снимките беше досуден пенал. Хеунг Мин ја смести топката во мрежата, но неговиот гол беше поништен бидејќи при залетот подзастана.

Набрзо следуваше и одговор на Рочдајл. Се играше 31 минута кога Хумпхур изедначи на 1:1 после асистенцијата од Канон.  Со резултат 1:1 се замина на полувремето, а потоа одличниот Љоренте ги одлучи сите дилеми. Шпанецот во 47 минута рутински го совлада голманот на Рочдајл за 2:1, за шест минути подоцна после асистенција од Лукас да погоди за 3:1.

Шест минути подоцна Љоренте го комплетираше хет-трикот и ги реши сите дилеми за патникот во ¼ финалето.

Сон Хеог Мин во 65 минута погоди за 5:1 додека младиот Валкер Питерс во последните минути од натпреварот постигна погодок за конечни 6:1.


Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Алегри го менува Тен Хаг во Манчестер Јунајтед

Искусниот италијански стратег Масимилиано Алегри наскоро би можел да седне на кормилото на…