Германските медиуми пренесуваат дека Жером Боатенг е на излезна врата од Баер Минхен.
Боатенг и самиот во неколку наврати јавно изјави дека е спремен за нов предизвик во кариерата, а по се изгледа неговиот трансфер би можел конечно да се реализира.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Германските медиуми пренесуваат дека Боатенг на маса има неколку понуди и дека Баерн е спремен да го пушти, но во овој момент се уште не е јасно во кој клуб ќе ја продолжи кариерата искусниот дефанзивец.
30-годишниот дефанзивец има договор со Баерн до 2021 година, а Баварците за неговата слобода бараат 20 милиони евра.
Боатенг пристигна во Баерн во 2011 година од Манчестер Сити, но минатата сезона го загуби местото во првиот тим.