Tимот на Каљари кој во изминатата сезона испадна од Серија Б е новиот клуб кој влегол во трката за потписот на македонскиот напаѓач, Илија Несторовски, пренесуваат италијанските медиуми.
Несторовски е слободен играч откако му заврши договорот со Удинезе, во последниот период се поврзуваше со Лече и Вотфорд, како и клубови од ОАЕ, сепак неговата желба според последните информации е да остане во Италија. Сега во игра е и Каљари.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Познатиот Џанлука Ди Марцио од „Скај Италија“ објави дека клубот од Сардинија сака да го засили нападот со Нестор во обид за брзо враќање во италијанската елита.
Информациите на Ди Марцио се дека првите контакти се веќе направени, како опција покрај Несторовски се споменува и Романецот Пушкаш.