Уругвај изминатата вечер ја забележа првата победа на Копа Америка.
После поразот од Аргентина и нерешениот резултат со Чиле Уругвај ја совлада Боливија со 2:0 во третото коло. До водство стигнаа со автоголот на Квинтересо во првиот дел, а Кавани на десетина минути пред крајот ги постави конечните 2:0. Со оваа победа Уругвај го обезбеди пласманот во нокаут рундата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во истата група Чиле го претрпе првиот пораз. После двете нерешени и едната победа Чиле изгуби од Парагвај со 0:2. Парагвајците со победата се пласираа во четвртфиналето.
Резултатот беше отворен преку Брајан Самудио во 33. минута. Треба да се спомене дека за него ова беше прв гол во дресот на Парагвај. Во второто полувреме Алмирон по направениот пенал на Гари Медел погоди за 2:0.