Дома Фудбал Останато Потсети на најдобрите денови и беше избран за најдобар играч на Копа Америка

Потсети на најдобрите денови и беше избран за најдобар играч на Копа Америка

Хамес Родригез своевремено беше голема ѕвезда, а по фантастичното Светско првенство во 2014 година Реал го купи од Монако за 75 милиони евра и уште во првата сезона беше прогласен за најдобар играч за врска во Ла Лига.

Од УЕФА доби место во тимот на годината во 2015. година, а подоцна беше одличен и во Баерн кадеш во 2017. беше избран во идеалниот тим на Бундеслигата.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Но, во последните години неговата форма беше во пад. Во 2020 година потпиша за Евертон како слободен играч и по една сезона во Премиер лигата ја напушти Европа. Се пресели во катарскиот Ал Рајан. Во Европа се врати во 2022 година во редовите на Олимпијакос, но Грците му го раскинаа договорот по само 23 натпревари. С

Скоро три месеци му беа потребни да пронајде нов клуб и на крајот го доведе Сао Паоло каде што игра денес. Ниту во Бразил не блеска и на 22 натпревари има учиунок од два гола и четири асистенции.

Но, затоа блескаше во дресот на Колумбија на Копа Америка. Колумбија стигна до финалето каде што изгуби од Аргентина, а Навас турнирот го заврши со еден гол и шест асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Две асистенции на Гулер, проектил од Родриго и нов кикс на Реал во меч со шест голови (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид играат многу ефикасни натпревари оваа сезона, но често им изост…