Дома Фудбал Останато УЕФА потврди: Нема ВАР во Лигата на шампиони

УЕФА потврди: Нема ВАР во Лигата на шампиони

ВАР е последниот, најнов обид на ФИФА за подобрување на квалитетот на судењето кој веќе почна да се користи во италијанската и германската лига.

Меѓутоа, претседателот на УЕФА Александар Чеферин изјави дека е рано да го гледаме овој систем во Лигата на шампионите.

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


„Нема да го употребуваме ВАР бидејќи и понатаму гледам многу недостатоци“, рече Чеферин.

Во Германија овој систем го контролира дополнителен судија кој седи во посебна соба и неговата единствена задача е да ги забележува грешките кои можат да бидат исправени со системот. Доколку забележи таква грешка, тој му сигнализира на главниот судија и тогаш судијата донесува одлука.

Од друга страна, во Италија главниот судија го има правото да побара видео асистент кога ќе посака, па така се отвора голем простор за манипулација со системот.

Ова е прва година како се користи системот, па јасно е дека се прави конфузија при прегледувањето на снимките.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Анчелоти го најде виновникот за лошото деби со Бразил

Карло Анчелоти направи кикс на новиот почеток на 66 години. Во првиот натпревар како селек…