Eлиф Елмас во вчерашниот настап во кој јубилеј славеше капитенот Горан Пандев одигра навистина маестрално.
Македонскиот фудбалски бисер кој го носи дресот на Фенербахче каде што игра „топло-ладно“ влезе од клупата за резерви на местото на повредениот Ферхан Хасани. Само шест минути по влегувањето во игра Елмас погоди и зголеми на 2:0.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа она со што посебно воодушеви Елмас беше неговиот втор гол кој го постигна во финишот од натпреварот.
Ремек-делото на Елмас се најде во најпознатите турски медиуми кои имаа само пофални зборови. Супер коментар Елмас доби и од реномираниот „Скај Спорт“ од Англија.
Од Фенербахче не заброавија да се пофалат дека Елмас е нивни играч па голот го проследија со следниов коментар:
„Тинејџерската сензација од Македонија и Фенербахче, Елиф Елмас постигна два гола за сениорската репрезентација, посебно убав беше вториот“.
Eljif Elmas Makedonya – Letonya maçındaki 2. golünü buluyor ve ülkesinin galibiyetini perçinliyor ? pic.twitter.com/fO4YFEHbod
— Tutkumuz Fenerbahçe (@FBTutkusu_) March 22, 2019