Марио Балотели ќе ја напушти Монца на крајот на оваа сезона, а сега е објавено и кој клуб може да биде негова наредна дестинација.
Новиот Суперлигаш во Турција Адана Демиспор објави дека води преговори со италијанскиот напаѓач. Балотели ќе ја напушти Монца откако овој клуб не се пласираше во Серија А, Турција може да биде негова следна дестинација.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
„Преговараме со Балотели. Испративме официјална понуда и чекаме одговор“, изјави претседателот на турскиот клуб, Мурат Санчак.
Балотели во август ќе наполни 31 година, за Монца во претходниот период одигра 14 натпревари постигна шест голови.