Македонија утре го игра последниот натпревар од овој циклус, а противник ни е селекцијата на Ерменија.
Пред овој меч заедно со селекторот Игор Ангеловски зброуваше Иван Тричковски.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
„Мотивацијата и добрата атмосфера е најсилната страна на оваа Македонија. Подготвени сме за натпреварот, ова е важен дуел и сакаме да победиме“.
Тричковски утре ќе игра на познат терен затоа што долги години го носеше дресот на АПОЕЛ, стадионот „ГСП“ каде што ќе се игра утрешниот натпревар го делат Омонија и АПОЕЛ.
„Да, познат теренот ми е познат. Штета што ќе се игра без публика. Сепак, ние фудбалерите пронаоѓаме начин да се мотивираме и кога нема публика на трибините“, порача Тричко.
Ќе потсетиме на Македонија и е доволно и реми за да го обезбеди првото место во групата и да оди во „Б“ лигата.
Фото: Игор Паневски