Дома Фудбал Филип Миркуловски се приклучи на репрезентацијата на Македонија – еве и во која улога!

Филип Миркуловски се приклучи на репрезентацијата на Македонија – еве и во која улога!

Еден од најистакнатите македонски ракометари, Филип Миркуловски, започнува ново поглавје во својата кариера. Тој денеска и официјално беше именуван за селектор на новоформираната репрезентација до 13 години.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Популарниот „Жути“, кој веќе ја извршува функцијата спортски координатор на сите национални селекции, сега ќе работи директно со најмладите категории. Неговата задача ќе биде рано препознавање и развој на талентите, кои подоцна ќе ги предава на повисоките селекции.

Паралелно, формирана е и репрезентација до 15 години, а нејзин предводник ќе биде Никола Матлиески.

Од Ракометната федерација на Македонија информираа и дека машката сениорска селекција ќе биде наградена со премија од два милиони денари за настапот на Европското првенство во 2026 година, кое се одржа во Хернинг, Данска.

Воедно, потврден е и новиот тригодишен договор со селекторот Кире Лазаров, со што Федерацијата испраќа јасна порака за стабилност и континуитет во водењето на националниот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо одговори на провокациите од навивачите на Ал-Ахли (Видео)

Кристијано Роналдо повторно беше во центарот на вниманието, не само поради своите фудбалск…