Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Три желби на Меси за 31. роденден

Три желби на Меси за 31. роденден

Аргентинската репрезентација во вторник вечер игра против Нигерија и ќе се обиде да обезбеди пласман во осминафиналето на СП.

Аргентина е пред тежок испит, бидејќи во дуелот против Нигерија влегува со само еден освоен бод, додека Исланд и Нигерија имаат по три. Гаучосите едноставно мора да победат, додека од друга страна мора да исчекуваат погоден резултат и од натпреварот Хрватска – Исланд.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во меѓувреме, Сампаоли сепак доби поддршка од претседателот на Аргентинскиот фудбалски сојуз. Се очекува за утре да направи неколку измени, а во тимот веројатно нема да биде Агуеро, кој ќе го замени Игуаин. Шанса ќе добијат уште Ди Марија и Евер Банега.

А вчера првата ѕвезда на тимот Лионел Меси го прослави 31. роденден со торта и поклони.

Фудбалерот на Барселона имаше три желби, ги замисли и ги дувна свеќичките. Дали можете да замислите која е првата и најголема од трите желби?

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Анчелоти потврди: Арда Гулер останува во Реал

Реал Мадрид славеше со 1-0 против Реал Сосиедад со голот на големиот турски талент Арда Ѓу…